Петте натпревари од 7.коо во Првата македонска фудбалска лига ќе се играат во четири дена почнувајќи од денеска.

На самиот старт на оваа рунда ќе се игра и дербито во Кавадарци. Таму третопласираната екипа на табелата Тиквеш ќе ја пречека второ рангираната екипа на Струга Трим Лум.

Кавадарчани кои го имаат најдобриот напад во лигата, во овој дуел влегуваат по победата над вицепрвакот тетовска Шкендија. И Стружани не заостануваат напаѓачки, а веќе добија два дерби натпревари со Вардар и во претходното коло со Силекс. Разликата меѓу нив е два бод, а заостануваат два односно четири зад лидерот Шкендија. Тетовци пак денеска ќе играат против Аресими на гостински терен, во обид да се рехабилитираат од минатонеделниот пораз од Тиквеш.

Двата денешни натпревари ќе почнат во терминот од 16 часот. Тоа е терминот за уште два натпревари што ќе се играат утре и во понедлник, додека во недела во Кратово мечот ќе почне 15 минути порано (15.45).

Распоред

Се вчитуваат резултатите…

Табела

# Екипа ОН П Н Пр ГР Б
Лига шампиони
Конференциска лига
Бараж за опстанок
Испаѓање