Фудбалерите на Силекс ја впишаа втората победа во Првата македонска фудбалска лига.
Во дуелот од 3. коло одигран попладнево во Кратово, тимот на Силекс го победи Скопје со 3-0.
Уште од самиот старт избраниците на Александар Васовски тргнаа офанзивно и се обидуваа да го загрозат голот на екипата од Автокоманда. Најголемата шанса да го отвори резултатот ја имаше фудбалерот на Силекс, Богдановски, кој во 38. минута ја погоди пречката од гостинскиот гол.
На самиот почеток од вториот дел (48.минута), Силекс поведе со 1-0. Стрелец на голот беше босанскиот интернационалец Хасукиќ со својот трет првенствен когодок. Само десет минути подоцна (58.минута) беше досуден пенал за домаќините, кој во предност од 2-0 го претвори Богдановски. Згора на тоа, гостите останаа и без исклучениот Секоски, кој заработи втор жолт картон.
Создадоа уште неколку добри шанси за гол фудбалерите на Силекс, а единствено Мицов во 78.минута ја истористи грешката на гостинската одбрана и ги постави конелните 3-0.
Покрај овој натпревар, денеска се игра и дуелот во Кавадарци, каде Тиквеш е домаќин на арачиновска Шкендија.
За утре закажани се дуелите Струга ТЛ – Вардар од 16:30 часот и од 19 часот на теренот крај ФФМ, каде тетовска Шкендија ќе ја пречека штипска Брегалница. Во првиот натпервар одигран вчера, Арсерими со 1-0 го победи Башкими.
































