Египетската фудбалска ѕвезда Мохамед Салах направи трансфер во редовите на турскиот Трабзонспор.
Поранешниот напаѓач на Ливерпул потпиша двогодишен договор вреден 34 милиони евра, а фановите му приредија спектакуларен дочек.
Салах пристигна во Истанбул, каде што беше пречекан од стотици фанови на Трабзонспор. Досегашниот фудбалер на Ливерпул долета со приватен авион за конечно да го комплетира договорот со турскиот клуб.
„Каде и да одам да играм секогаш се трудам да освоиме трофеј, така ќе биде и овде“, изјави Салах.
Салах ‘e носи нов дрес со број 61 додека ги поздравува расположените навивачи. Oфицијалната промоција ќе се одржи денеска.





































