Репрезентацијата на Англија е третиот патник во полуфиналето на сецкото фудбалско првенство.
Англичаните во четвртфиналниот меч број 3 одигран вечерва во Мјами, ја совладаа репрезентацијата на Норвешка со 2-1 по продолженија. Натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1, а Англија до пресврт победата дојде благодарение на Џуд Белингам кој беше двоен стрелец.

Англиската епрезентација од самиот почеток ја презеде контролата на играта. Повеќе напаѓаа и се обидуваат да го загрозат голот на Норвежаните кои пак беа ориентирани на брзи против напади. Такво беше акцијата во триесет и шестата минута кога, Шјелдруп со фантастично, луциден удар го изненади Пикфорд за водство на Норвежаните од 1-0.
Тоа како да ги разлути англиските фудбалери, па тие тргнаа уште посиловито кон противничкиот гол.
Таквата игра донесе и резултат кога во втората минута од судиското дополнение (45+2) Белингам успеа да израмни на 1-1.
Во првиот дел беше поништен и гол на Хари Кејн поради офсајд, а на стартот на вториот погодокот на Хегем за Норвешка, поради претходен фаул на Халанд.
Англичаните беа во подредена улога во второто полувреме. Во 76.минутаа многу среќа за Пикфорд и Англија, бидејќи ударот со глав на Волф заврши во гредата. Резултатот остана не променет до крајот на 90-те минути, па затоа се играа продолженија.

А, по само три минути во првото (90+3), Џуд Белингам уште еднаш се запиша во листата на стрелците, за водство од 2:1. За Белингам тоа беше шести гол на првенството, со кој се израмни со Хари Кејн.
Тука како да потонаа сите ,,бродови” на популарните ,,Викинзи” кои до крајот не успеаја да се вратат во игра.
Сега Англичаните ќе го чекаат исходот од натпреварот што ќе се игра ноќеска, во 3 часот по полноќ, во кој ж актуелиот светски шампион Аргентина за противник ја има Швајцарија. Победникот од тој меч ќе биде противник на Англија во полуфиналето. Првиот полуфинален пар го сочинуваат Франција и Шпанија.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|






























