Фудбалерите на Франција со победата над Мароко, обезбедија пласман меѓу четирите најдобри на Светското првенство.
Во првиот меч од четвртфиналната рунда одигран вечерва во Бостон, Франција го победи Мароко со 2: 0.
Триколорите беа подобар противник во текот на целиот натпревар. Во првото полувреме има неколку зрели шанси да го откријат резултатот, а најсериозната на Мбапе кој во 28.минута не реализира пенал.
И во вториот дел иста слика на теренот со два брзи гола за само 6 минути Французите ги разрешија сите дилеми.
Прво Мбапе во 60.минута, со неговиот осми погодок на првенството, го отвори резултатот, за водство од 1-0.
За вториот погодок, Французите не чекаа долго. Во 66-тата минута, Усман Дембеле го реализира својот петти гол на шампионатот за водство и триумф на Франција од 2-0.
За Триколорите ова е трето последователно полуфинале, а вкупно осмо на Мундијалите. Во него за противник Франција ќе го имаат подобриот од утрешниот дуел меѓу европскиот шампион Шпанија и селекцијата на Белгија.

| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 👑 1/16 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🔥 1/8 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | ⚡ 1/4 Финале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🚀 Полуфинале | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|
| Бр. | 📅 Датум | ⏰ Час | 🏆 Финална Фаза | 📍 Град | ⚽ Рез. |
|---|



































