ФК Силекс еден од македонските клубови со најдолга традиција на настапи на европската сцена. Кратовци 10-та сезона ќе настапуваат во европските купови.

Победник од во националниот Куп на Македонија, ќе почне од првата елиминациска рунда во Конференциската лига. Противник на македонскиот тим е белорускиот состав на Динамо од Минск.

Искуството и квалитетот е на страна на противникот, но тренерот на Силекс, Александар Васоски смета дека неговиот состав ќе даде се за да го мине.

Секако за нас е огромни задоволство што втора година по реди играме во Конференциска лига. Имаме голем респект за Динамо Минск, екипа која ментално прво место во белоруска лига и екипа која за разлика од нас има петнаесет натпревари позади себе.
Секако тука доаѓаме со една единствена цел, а тоа да оствариме добар резултат за реваншот во во Скопје

Имаме свои адути, екипата минатата сезона го освои купот што значи дека има карактер, има дисциплина, дека знае да игра на резултат. Овие натпревари се каде што резултати, треба да биде во прв план. Ќе настојуваме го поминеме Динамо Минск“, вели Васоски. 

Натпреварот Динамо Мински – Силекс ќе се игра на неутрален терен во Стара Загора, Бугарија, а ќе почне од 19 часот.

Следете нé на социјалните мрежи