Полека привршува кошаркарскиот шампионат на Македонија во машка конкуренција во кој се игра големото финале.
Денеска на програмата е третиот натпревар кој може да биде и последен за сезонава. Тоа доколку актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром успеа а го совлада Маџари.
Аеродромци ги добија првите два натпревари пред својата публика, па сега ги дели една победа до нова шампионска титула. Доколку успеат да слават, тоа за сино-белите би бил тринаесетти трофеј првак на Македонија.
Дебитантот во елитата со самиот пласман во финалето направи големо изненадување и клупски успех. Но, сега Маџари сака финалето да потрае. Сигурно дека избраниците на Мишо Тодоровиќ ќе имаат голема поддршка од своите навивачи, но и МЗТ традиционално го има истото.
Ако се суди по првите два дуели и денешниот се очекува да биде интересен и неизвесен.
Дуелот број 3, меѓу Маџари и МЗТ Скопје ќе почне од 19 часот, а може да го гледате ВО ЖИВО ОВДЕ 👇.




































