Екипата на Сан Антонио е на една победа од пласман во финалето на Западната конференција во НБА плеј-офот.
Ова откако ноќеска Спарси пред својата публика го совлада Минесота со 126:97 и поведе со 3-2 во победи.
Спарси го контролираа натпреварот од самиот почеток и имаа двоцифрена предност на полувремето. Минесота успеа да го израмни резултатот на 61:61 во третата четвртина. Сепак, до крајот на натпреварот домашниот тим создаде голема предност и убедливо победи.
Најефикасен играч беше Виктор Вембањама со 27 поени, 17 скока и пет асистенции. Во првата четвртина, тој постигна 18 поени и додаде шест скока, приклучувајќи се на великани како Леброн Џејмс и Никола Јокиќ, кои се единствените играчи кои успеале да постигнат таков ефект во последните 30 години.
Заедно со Вембањама, Келдон Џонсон додаде 21 поен, додека најдобар играч на Тимбервулвс беше Ентони Едвардс со 20 поени.
Следниот, шести натпревар ќе се одржи во петок навечер кон сабота, во Минесота. Исходот од дуелите на овие екипи го лека шампионот Оклахома Сити кој веќе обезбеди финале.




























