Женскиот одбојкарски шампионат на Македонија е во самата завршница.

Попладнево во Скопје одбојкарките на Работнички и Наковски волеј ќе го играат четвртиот натпревар од финалето. Тимот на Наковски волеј го дели една победа до историскиот прв шампионски трофеј. Ова откако струмичанки ги добија двата натпревари што ги играа пред своите навивачи. Работнички пак славеше во вториот одигран во спортскиот центар ,,Борис Трајковски” каде ќе се игри денешниот.

Домашниот терен се покажа како голема предност за едната и другата екипа. Доколку и денеска трендот продолжи, тогаш може да очекуваме дека ќе гледаме мајсторка односно петти натпревар кој ќе го реши шампионот.

Тој дуел би си играл веќе во понеделник во Струмица. Но прво останува сочекаме резултатот од денешниот што ќе почне во терминот од 18 часот. Натпреварот Работнички – Наковски волеј ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ 👇👇