Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го скрати списокот на ракометари за пристојниот бараж со Словачка.

Лазаров денеска објави нов список од 20-мина ракометари, откако на првиот имаше дури 35-мина.

Од првиот список, сега ги нема голманот Галевски, пикерот Шешевски и бекот Талевски, како и интернационалецот Карапеевски. Со домашни сили, претежно од Алкалоид и Еурофарм Пелистер, двајцата вардарци Гогов и Лазаревски и единствениот интернационалец Томовски, македонската селекција ќе игра против Словачка.

Собирот на ракометарите е во недела (10 мај) во 13 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

Првиот натпревар македонските ракометари ќе го играат на 14 мај во Прешов (19 часот), а реваншот е на 17 мај (19 ч.) во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

Следете нé на социјалните мрежи