Одбојкарките на Работнички во максимални три сета го совладаа Наковски волеј и израмнија на во финалето на плејофот.
Домашните одбојкарки силно го започнаа натпреварот и брзо создадоа предност. Од момент во момент разликата се зголемуваше за на крајот на првиот сет таа да изнесува десет поени 25-15.
Во следните два сета , се водеше голема борба. Двете екипи имаа свои добри и лоши периоди на игра.

Гостинските одбојкари до средината на сетот имаа пет предност која полека Работнички ја топеше. Во финишот домашните одбојкарки дојдоа до израмнување на резултатот, а потоа на разлика Работнички го доби сетот со 27-25.
Во следниот скопјанки беа оние кои имаат двојна предност 10-5 и 12-6. Тогаш струмичанки беа оние кои ја сопија негативата и успеа да се доближат на два поени од освојување на сетот. Но Работнички повторно заигра најдобро кога беше најпотребно. Го доби тој сет Работнички со 27-25 а мечот убедливо со 3:0.
Со овој триумф на Работнички, резултатот сега е израмнет на 2:2 во победи, па решавачкиот пети меч, што ќе си игра во Струмица, ќе реши кои ќе биде новиот првак на Македонија.































