Вечерва ќе го дознаеме првиот патник во Будимпешта, каде на 30 мај ќе се игра финалето во Лигата на шампиони.
Во Лондон, Арсенал и Атлетико Мадрид ќе се соочат во вториот полуфинален натпревар.
Арсенал останува единствениот непоразен тим во сезоната со десет победи и три ремија. „Топчиите“ ја имаат најдобра одбрана со само шест примени голови. Тимот на Микел Артета има дополнителна самодоверба по убедливата победа од 4:0 против Атлетико во групната фаза. Тогаш Виктор Ѓокерес постигна два гола.
Атлетико Мадрид пак влегува во натпреварот со рекордна офанзивна сезона во Лигата на шампионите. „Јорганџиите“ сезонава постигнаа 35 гола, од кои десет се дело на Хулијан Алварез. Екипата на Диего Симеоне не останала без гол во последните 37 европски натпревари.
Првиот натпревар во Мадрид заврши 1:1, со голови од пенал на Ѓокерес и Алварез од пенал.
Арсенал по второ, Атлетико по трето финале
Арсенал ќе се обиде да стигне до прво финале по 2006 година, додека Атлетико бара нова шанса за титула по неуспесите во 2014 и 2016 година.
Арсенал, единствено финале го играше во 2006 година во Париз против Барселона. Поведе со гол на Сол Кемпбел, но Барселона со голови на Ето’о и Белети го сврте резултатот.
Атлетико Мадрид, два пати беше финалисти, и двата пати играше против Реал Мадрид. Во 2014 беа поразени во продолженија, а во 2016 по пенали.
Натпреварот во Лондон ќе почне во стандардниот термин од 21 часот, а кој ќе биде првиот финалист останува да видиме.
Утре својот реванш дуел ќе го играат Баерн и Париз Сен Жермен. Европскиот првак ПСЖ, во Минхен допатува со гол предност откако во Париз славеше со 5-4.































