Елитниот европски фудбал Лигата на шампиони вечерва ја нови втората пресметка во полуфиналето. Во Мадрид кај Атлетико гостува англискиот Арсенал.

​Домаќините се потпираат на својата цврста одбрана, додека гостите од Лондон пристигнуваат со офанзивен стил и желба за позитивен резултат.

​„Очекувам исклучително тежок меч против тим кој игра со висок интензитет, но ние сме подготвени да одговориме на предизвикот“, изјави Диего Симеоне.

​Стратегот на Атлетико верува дека поддршката од трибините ќе биде клучниот фактор за остварување предност пред реваншот во Лондон. ​Од друга страна, Микел Артета нагласи дека неговиот тим мора да биде максимално фокусиран и дисциплиниран во текот на сите деведесет минути.

​„Играме против еден од најорганизираните тимови во Европа и секоја мала грешка може да биде казнета на ова ниво“, порача Артета.

​Статистиката сугерира, дека дуелите на овие два ривали секогаш носат голема борба за секоја топка на средината од теренот. Овие два европски гиганти досега имаат одиграно вкупно 5 официјални натпревари.

Арсенал има две победи, а Атлетико една, додека два дуели завршиле „реми“.

Последниот дуел се одигра на 21 октомври 2025 година во рамките на групната фаза. На тој натпревар Арсенал извојува убедлива победа од 4:0 на домашен терен. Во 2018 година, тимовите се сретнаа во полуфиналето (како и сега), а Атлетико мина понатаму со вкупен резултат 2:1 (1:1 во Лондон и 1:0 во Мадрид).

Тешко е да се очекува дена вечерашниот меч ќе биде ефикасен како вчерашниот меѓу ПСЖ и Баерн во кој беа постигнати девет голови.