Екипата на Струмица е првата што се пласира во финалето на машката кошаркарска Прва лига.

Струмичкиот состав славеше на гостински терен во Велес против Борец со убедливи 82:67 и ја заврши серијата со максимални 2:0. Клучната предност гостите ја направија во последната четвртина која ја добија со високи 28:11.

Сега Струмица ќе ја чека „мајсторката“ од дуелот меѓу Соколи и Бутел, за да го дознае противникот во финалето, кое води во Супер лигата.

Штипските Соколи направив „ри-брејк“ на теренот на Бутел откако по голема драма во финишот на средбата славеа со 65:68. Сега резултатот е израмнет на 1-1 во победи, па „мајсторката“ во Штип ќе решава за место во големото финале.

Следете нé на социјалните мрежи