Ракометниот клуб Охрид се подготвува за новиот европски предизвик, полуфиналето во Европскиот куп.
Охриѓани не успеаја да стигнат до првиот трофеј, откако во финалето на Купот на Македонија загубија од Вардар. Сега избраниците на Борис Ројевиќ се комплетно посветени на двомечот со словенечката екипа Цеље.
Првиот натпревар ќе се игра во сабота во Цеље, а реваншот во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид е на 2 мај (сабота – 19 часот). Картите за охридскиот натпревар се веќе во продажба по цена од 200 и 300 денари, а може да се купат онлај на следниот линк (овде)
Од ГРК Охрид управата, стручниот штаб и ракометарите очекуваат на реваншот во Охрид публиката да биде осми играч на екипата.


































