РК Вардар 1961 и Касино Аустрија Интернешанал Македонија на заедничка прес-конференција официјално го промовираа своето партнерство, со кое компанијата станува еден од главните поддржувачи на клубот.

Од таборот на Вардар истакнаа дека ваквите соработки се од исклучително значење за развојот на македонскиот ракомет и за зајакнување на конкурентноста на клубот, како на домашната, така и на европската сцена.

Соработката има за цел создавање уште посилен тим и реализација на амбициозните цели на „црвено-црните”, кои моментално се лидери во домашната Суперлига и се на добар пат кон враќање на шампионската титула. Воедно, Вардар го очекува и четвртфиналниот предизвик во Европската лига на ЕХФ.

„Горди сме што како компанија стануваме дел од семејството на РК Вардар – клуб со традиција, страст и шампионски дух, кој достојно ја претставува Македонија на европската и домашната сцена. Вардар не е само клуб, тоа е енергија што обединува. Токму и затоа одлучивме да бидеме дел од оваа спортска приказна. Ние сакаме да го вратиме Вардар на позицијата која му припаѓа на самиот врв на ракометна Европа. Со РК Вардар делиме исти вредности: амбиција, борбеност и желба за победа и лидерство”, изјави Аднан Шариќ, директор на Касино Аустрија Интернешанал Македонија.

Од компанијата додаваат дека нивната поддршка претставува инвестиција во спортот, младите и вредностите што ги носи ракометот, дисциплина, тимска работа и посветеност.

Вечерва РК Вардар 1961 ќе го одбележи својот 65-ти роденден на натпреварот против РК Алкалоид, кој ќе се одигра во СЦ „Јане Сандански” со почеток од 18:00 часот. Фан-зоната на платото пред салата ќе започне час и половина пред натпреварот