Кошаркарите на Пелистер ја потврдија третата позиција на табелата по победата над екипата на Маџари со резултат 84:72.

Битолчани одиграа одлично второ полувреме во кое целосно го надиграа противникот и ја осигураа важната победа во плеј-оф фазата.
Гостите од Скопје подобро го отворија мечот и првата четвртина ја добија со минимална предност од 20:17.
Домашниот тим направи пресврт во втората четвртина и замина на пауза со позитивен резултат од 42:38.

Пелистер доминираше по одморот и во 29. минута ја оствари највисоката предност на натпреварот од дури 19 поени разлика.
Маџари се обиде да се врати во финишот, но расположените битолчани брзо ја вратија двоцифрената предност и мирно го приведоа мечот.

Најефикасен поединец на натпреварот беше Џенкинс кој постигна 30 поени, додека кај гостите Амстронг реализираше 18 поени.