По првиот пораз во сезоната, минатиот викенд, одбојкарките на Наковски Волеј експресно се вратија на победнички патеки. Во дуелот од врвот на табелата, струмичанки славеа со убедливи 3:0 против Работнички Скопје, во 16. коло од Првата лига жени. Со досегашниот учинок и на само две кола до крајот на регуларниот дел од сезоната јасно е дека Наковски Волеј е безбеден на лидерската позиција во пресрет на плејоф разигрувањето.
Шампионот Јанта Волеј, по голема борба во пет сета го победи Младост УГД во второто дерби од ова коло. Триумфот не беше важен само во трката по бодови. Тимот од Кисела Вода се реваншираа за елиминацијата во четвртфиналето од Купот пред три дена во Штип. Дуелот што траеше безмалку три часа, прво навестуваше дека шампионот ќе стигне до максимална победа. Јанта волеј имаше водството од 2:0 во сетови. Но, гостинките од Шти не се предадоа и ги добија следните два сета, со што се изборија за тај-брејк. Среќата и концентрацијата беа на страната на Јанта Волеј, додека Младост УГД мораше да се задоволи со еден бод. Со него, штипската екипа се изедначува на табелата со второпласираниот Работнички Скопје.
Во скопското соочување Газели Волеј со пресврт стигнаа до победа од 3:1 над Вардар ЕМ, додека со истиот резултат Струмица жени славеше на гостувањето кај Ускана. Интересен момент од овој меч е што Ускана, која е последнопласирана на табелата и со сигурност ќе го загуби прволигашкиот статус во следната сезона го овои првиот сет во оваа. Пелистер Волеј со исклучок на првиот сет немаше посериозни проблеми во соочувањето со Фит Фан Волеј.
ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 16. КОЛО
ЈАНТА ВОЛЕЈ КВ – МЛАДОСТ УГД 3:2 (25:13, 25:18, 22:25, 14:25, 15:13)
НАКОВСКИ ВОЛЕЈ – РАБОТНИЧКИ СКОПЈЕ 3:0 (25:17, 25:22, 25:16)
УСКАНА – СТРУМИЦА ЖЕНИ 1:3 (14:25, 26:24, 15:25, 13:25)
ПЕЛИСТЕР ВОЛЕЈ – ФИТ ФАН ВОЛЕЈ 3:0 (26:24, 25:15, 25:16)
ВАРДАР ЕМ – ГАЗЕЛИ ВОЛЕЈ 1:3 (25:20, 21:25, 14:25, 19:25)
































