Само пет натпревари се одиграа ноќеска во НБА лигата, а големо изненадување се случи во Детроит.

Најдобриот тим во Источната конференција, загуби пред својата публика од досег најслабата екипа Бруклин.

Нетсите ја прекинаа серијата од 10 порази славејќи со 105-107 и сега се претпоследни на табелата во истокот. Иако има и негатива од 23 поени сепак гостите предводени од Зијар Вилијамс кој постигна две тројки во последната минута успеаја да го свртат натпреварот. Портер Џуниор го предводеше тимот со 30 поени, а имаше и 13 скока, додека Вилијамс заврши со 24.

Џај Гилгиус-Александер е многу блиску поверно да го понесе признанието МВП на сезоната.

Тој ноќеска постигна 27 поени во победата на шампионот Оклахома Сити на домашен терен против Голден Стејт со 104-97.

За Александер ова беше 125 натпревар во низа кој го завршува со повеќе од 20 поени. Тој веќе во вторник наутро во дуелот против Денвер ќе има можност да го израмни рекордот на Вилт Чемберлен. Легендарниот Чемберлен на 126 натпревари во низа имал постигнато 20+ поени.

Резултати:

Минесота – Орландо 92:119
Пистонс – Нетс 105:107
Атланта – Филаделфија 125:116
Мемфис – ЛА Клиперс 102:123
Милвоки – Јута 113:99
Оклахома – Голден Стејт 104:97