Во машката Прва лига се одиграа натпреварите од седмото коло во плеј-оф, односно плеј-аут лигата. Специфичен момент е што на сите натпревари победниците беа решени по четири сета.
Во некомплетната плејоф фаза каде дерби дуелот меѓу ланските финалисти Струмица и Штип УГД ќе се игра в понеделник. Велешки Борец и тимот на Работнички очекувано запишаа победи над Сушево, односно Универзитет во Тетово.
Градското дерби во пле-јаут фазата и припадна на Шкендија, која со 3:1 ја победи Лирија.
ПРВА ЛИГА МАЖИ, 7. КОЛО
ПЛЕЈОФ ФАЗА
Борец – Сушево 3:1 (25:13, 23:25, 25:17, 25:21)
Работнички – Универзитет во Тетово 3:1 (25:13, 25:21, 19:25, 25:15)
Струмица – Штип УГД понеделник 20 часот
ПЛЕЈАУТ ФАЗА
Весна Пробиштип – Јанта Волеј 3:1 (22:25, 25:14, 25:11, 25:23)
Македонија Џио – Скопје 1:3 (25:22, 18:25, 19:25, 16:25)
Шкендија – Лирија 3:1 (25:19, 25:27, 25:13, 25:15)
































