Македонската кошаркарска федерација (МКФ) денеска официјално го промовира новиот селектор на сениорската машка репрезентација.
Шпанскиот стратег Хозе Мариа Берокал, ќе ја предводи Македонија во циклусот претквалификации за ЕП 2029 година.
„„Убедени сме дека со неговото знаење, професионализам и посветеност ќе донесе нов квалитет и стабилност во националниот тим“, истакна во воведот на прес-конференцијата, претседателот на МКФ, Томица Главчев.
За Берокал, во неговото повеќе од 35 години тренерска кариера, Македонија ќе биде прво селекторско искуство.
„Знам дека е краток периодот за подготовки, но во овие само два тренинга со репрезентацијата, видов дека има голем простор за напредок.
Мислам дека треба да размислуваме на долги патеки, да го унапредуваме тимот и важно е за иднината, кои млади играчи ќе доаѓаат во националниот тим“, изјави новиот селектор.
Тој меѓу другото додаде дека Ненад Димитриевиќ кој поради обврски со Баерн Минхен во Евролигата ќе ги прескокне двата претстојни дуели, очекува да биде на располагање во летниот период.
„нема да биде лесно, ќе биде долг процес, но ќе се обидеме да направиме максимум од овие играчи. Можеби во летниот прозорец ќе имаме шанса да тренираме неколку недели да го видиме потенцијалот.
Ќе видиме што ќе биде во иднината со Ненад Димитријевиќ. Ќе видиме во летниот период што ни недостига“, изјави Берокал.
Шпанецот, своето селекторско деби на клупата на Македонија ќе го има во Скопје на 27 февруари кога ќе го пречека Луксембург. На 2 март, македонските кошаркари во Баку ќе му гостуваат на Азербејџан.





































