Фудбалерите на Арсенал го добија лондонското дерби против Тотенхем. Во натпреварот од 27-то коло Арсенал како гостин славеше со 1-4.

Интересен и динамичен натпревар одиграа овие два тима, дуел во кој Езе и Ѓокерес постигнаа по два гола.

Во првото за самостојна 120 секунди беа постигнати два гола. Во 32.минута Еезе им донесе предноста на ,,топчиите” од 0-1. Веќе во 34.минута Коло Муан го израмни резултатот на 1-1.

Ѓокереш по само две минути игра во вториот дел, повторно ја врати предноста на гостинските фудбалери. Веќе во 61.минута Езе постигна втор погодок и зголеми на 1-3. Конечниот резултат 1-4 за Арсенал ги постави ѓокерес со неговиот втор гол.

Арсенал кој лидер на табелата сеѓи има 61 бод пет повеќе од второпласираниот Манчестер Сити, кој има одиграно еден натпревар помалку. Со меч помалку се и третопласираната Астон Вила (51 бод), и четвртиот Челзи (45).

Следете нé на социјалните мрежи