Во НБА лигата ноќеска беа одиграни шест натпревари.

Екипата на Лос Анџелес Лејкерс славеше на гостувањето во Њу Орлеанс со 103:111.

Домашниот тим во последната четвртина влезе со предност (86:79), но можеа да ја одбранат. Лејкерси ја отворија со серија од 18-4, вклучувајќи две тројки од Леброн Џејмс која го одигра најдобриот свој натпревар сезонава. Тој заврши со 30 поени и по 8 скокови и асистенции. И Лука Дончиќ постигна 30 поени на кои додаде и 10 асистенции за дабл-дабл учинок. Бадијала останаа 42 поени на Треј Марфи за домашниот тим.

Неизвесен натпревар одиграа и екипите на Сакраменто и Далас кој гостите го добија со 98:100.

победникот беше решен во самата завршница, а домашниот тим пропушти неколку шанси да во врати резултатот во своја полза. Практично во текот на целиот натпревар, Кингс имаа предност, но се откажаа на самиот крај. Тројката на Брендон Вилијамс ја заврши приказната 30 секунди пред крајот.

Купер Флег беше најефикасен во победничката екипа со 20 поени за која Ентони Дејвис запиша дабл-дабл со 19 поени и 16 асистенции. Во поразениот состав најефикасен беше ДеМар ДеРозан со 23 поени.

Следете нé на социјалните мрежи

Резултати:
Индијана – Кливленд 116:120
Вашингтон – Орландо 120:112
Мемфис – Сан Антонио 106:105
Минесота – Мајами 122:94
Њу Орлеанс – Лос Анџелес Лејкерс 103:111
Сакраменто – Далас 98:100