Македонскиот ракометен вицепрвак Вардар, утре го почнува настапот во ЕХФ Лигата на Европа.
Вардарци досега играат перфектно во новата новата сезона и незнаат за неуспех, напротив, редат само победи. Тоа сигурно е голем мотив, победнички да стартуваат и на европската сцена.
Противник на Вардар во 1.коло од Ф групата е хрватскиот претставник Сесвете.
„Сесвете е млада екипа која со Загреб и Нексе доминира во Хрватска. Тие имаат желба за докажување, ама знаеме дека наш прв чекор е да собереме што повеќе бодови.
Важно е нашите играчите да разберат што значи да се носи дресот на Вардар, а тоа е чест и обврска.
Ако утре освоиме уште два бода, тоа ќе ни ја зголеми самодовербата“, изјави тренерот на Вардар, Иван Чупиќ.
Натпреварот меѓу Вардар и Сесвете што ќе се игра утре во СЦ „Јане Сандански“ ќе почне од 18.45 часот.




































