Репрезентацијата на Македонија го остави зад себе големото реми со Белгија и веќе гледа кон новиот предизвик.
Вечерва на арена „Тодор Проески“ во Скопје гостува селекцијата на Казахстан, а целта е јасна – победа и нови три бода.
Селекторот Благоја Милевски е оптимист и верува дека неговите избраници се подготвени за уште една силна пресметка.
„ Имавме тежок натпревар против Белгија, но сите играчи се подготвени да го дадат максимумот.
Ќе биде многу тешко. Казахстан на првиот меч во Астана покажа дека има квалитет.Сега има и нов селектор и нова филозофија, но ние сме подготвени“, изјави Милевски.
Ова е последниот натпревар на Македонија поред својата публика во квалификациите за СП 2026 година, затоа поддршката е повеќе од потребна.
Дуелот Македонија – Казахстан ќе почне од 20.45 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ и низ тв пренос на МРТ.




































