Кошаркарите на Пелистер со победа ја отворија новата сезона во Супер лигата.

Во првото сезонско дерби, битолчани како гости во „Кале“ го декласира Работнички со 115-75.

Освен во втората минута кора Работнички имаше водство од 6-4, се останато мина во знакот на гостите од Битола. Пелистер победата ја најави по првиот квартал што го доби со 13-27. Во втората четвртина, Работнички успеа да се доближи на -6, но на одмор Пелистер замина со +12 (40-52).

И во второто полувреме иста слика. Зелено-белите од Битола ја контролираа играта и континуирано ја зголемуваа разликата која на крајот изнесуваше 40 поени.

Најефикасен во победничката екипа беше Никола Малешевиќ со 22 постигнати поени, а двоцифрени беа уште шестмина кошаркари во редовите на Пелистер. Бадијала останаа 38 поени на Виктор Ефремовски кој беше прв стрелец на натпреварот и во поразениот тим.

Покрај овој натпревар денеска ќе се одиграат и преостанатите три со кои ќе биде комплетирано првото коло.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 1 КОЛО

Недела
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР
КОЖУВ – ТФТ 18.00 часот
ЧАИР – КУМАНОВО 19.00
ФЕНИКС – АНГЕЛИ 20.30
претходно одиграно
МЗТ СКОПЈЕ А. – МАЏАРИ 77-72
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 67-81