Новата сезона во машкото кошаркарско првенство на Македонија, стартуваше во петокот со победата на шампионот МЗТ Скопје Аеродром. Вчера прв триумф впиша и кавадаречки Тиквеш, а денеска на програмата се останатите четири дуели од премиерното коло.

На самиот старт на сезоната ќе го гледаме и првото дерби.

Повеќекратниот шампион Работнички во СЦ „Кале“ ќе го пречека битолски Пелистер. Дали тимот од „градски парк“ со новиот тренер и видно изменет состав во споредба со ланскиот има капацитет да се носи со амбициозниот битолски клуб останува да видиме.

Дуелот што ќе се игра во СЦ „Кале“ кале е првиот од четирите, а ќе почне од 15 часот. Натпреварот ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ЕДИНСТВЕНО ОВДЕ.

Следете нé на социјалните мрежи

СУПЕР ЛИГА (МАЖИ) – 1 КОЛО

Недела
РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР 15.00 часот
КОЖУВ – ТФТ 18.00
ЧАИР – КУМАНОВО 19.00
ФЕНИКС – АНГЕЛИ 20.30
Петок
МЗТ СКОПЈЕ А. – МАЏАРИ 77-72
Сабота
ГОСТИВАР – ТИКВЕШ 67-81