Два натпревари попладнево беа одиграни во Првата макеоднска фудбалска лига.
Во дербито во Скопје, тимот на Струга Трим Лум „прокоцка“ голема шанса да го совлада Вардар и да се зацврсти на врвот на табелата. Во Кратово пак Силекс со триумфот над Тиквеш ја прекина низата од три порази.
Вардар – Струга Трим Лум
Стружани беа блуску до победа над конкурентот Вардар, но наместо три освоија само бод играјќи нерешено 2-2.
Првата посериозна шанса ја имаа гостите преку Компаоре, уште во седмата минута, но од сето тоа имаше само корнер за стружани. Затоа веќе во 18.минута по брзата контра од левата страна Шабани донесе водство на стружани од 0-1.
Во вториот дел односно 52.минута судијата Стојанов досуди пенал. По нафрлувањето на Маневски, топката го удри Илиевски, а главниот арбитар веднаш покажа на белата точка. И по прегледувањето на снимката, Стојанов остана на својата одлука иако дилема секако имаше. Одговорноста ја презеде Мато, но италијанскиот голман Ангелети го одбрани неговиот удар. Само пет минути подоцна, Мато се извади за промашениот пенал и по соло акција го израмни резултатот на 1-1. За Мато на не биде сам на врвот на листата најдобри стрелци, се погрижи Компаоре кој во 63.минута, повторно и донесе водство на Струга сега со 1-2. Во 91.минута Малевски изби сам пред вардаровиот гол, но го промаши. Затоа дојде казната во третата минута од дополнувањето која Јанкулов погоди за конечни 2-2.
Силекс – Тиквеш
На дуелот во Кратово, фудбалерите на Силекс по подолг период се израдуваа.
До шестата победа кратовци стигнаа совладувајќи го кавадаречки Тиквеш со 1-0. Единствениот гол на натпреварот беше постигнат уште во десеттата минута со голот на Алиќ.
На табелата Струга останува лидер сега со 23 бодови, два повеќе од Вардар, а три од Шкендија која има натпревар помалку. Силекс останува четврти, но сега има 18 бодови.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот во Битола, каде Пелистер ќе ги пречека шампионот Шкендија и тоа во вечерниот термин од 18 часот.
ПМФЛ – 9 КОЛО
Недела
ВАРДАР – СТРУГА Т.Л. 2-2
СИЛЕКС – ТИКВЕШ 1-0
Понеделник
ПЕЛИСТЕР – ШКЕНДИЈА 18 часот
Одиграно претходно
МАКЕДОНИЈА ЃП – АРСИМИ 4-1
АП БРЕРА – БАШКИМИ 1-1
ШКУПИ – РАБОТНИЧКИ 1-1



































