Машката ракометна репрезентација на Македонија попладнево во Талин со почеток од 18 часот го игра дуелот од 5.коло од групата 1 од квалификациите за Европското првенство 2026. Домаќин на македонските ракометари е селекцијата на Естонија. Само победа е опција за избраниците на селекторот Кирил Лазаров на овој натпревар бидејќи на тој начин Македонија сама ќе решава за пласманот во групата, отворена ќе биде опцијата за второто место по вчерашниот пораз на Литванија на домашен терен од Словенија.
Македонија е фаворит во дуелот со Естонија, а на првиот натпревар во Скопје нашите ракометари остварија тешката победа со 37:33, каде противникот им создаде многу маки на македонските играчи. Дополнителен проблем за селкторот Лазаров се повредените играчи, а листата е долга: Марко Митев, Ѓорѓиев, Стојковиќ, Велковски,… но, тие што ќе појават во македонскиот дрес во Талин ја имаат обврската да го потврдат квалитетот и реномето на македонскиот ракомет.
Натпреварот ќе го судат Португалците Рубен Маја и Андре Нунеш, а делегат е Виктор Комоплиасти.
Во групата Словенија е прва со 10 бодови, Литванија има 6, Македонија 2, а Естонија е последна без бод.
Во последното коло Македонија в недела во СЦ „Јане Сандански“ ја пречекува репрезентацијата на Литванија, која во првиот меѓусебен натпревар постигна победа од 29:27.