Кошаркарите на Њујоркго има „рецептор“ за победи над актуелниот НБА шампон Бостон. Никси и во вториот натпревар од полуфиналето на истокот славеа на гостински терен и поведоа со 2-0 во серијата подобар до четири која продолжува со два меча во Њујорк.

Како претходниот така и овој натпревар Никс го добија благодарение на одличната одбрана. Во последниот напад во најдобриот играч на Селтикси, Џејсон Тејтум беше блокиран.

Така со конечни 92-91 гостите се радуваа на победа, па статистички тие имаат над 85% шанси да обезбедат пласман во следната рунда

Карл Ентони Таунс оствари двоен ефект за победничката екипа со 21 поен и 17 скока, а прв стрелец беше Џош Харт со 23 поени.

Затоа кај најдобриот тим на западот, Оклахома Сити не дозволи ново изненадување од Денвер.

Откако го загубија првиот меч пред своите навивачи, ноќеска Тендерски го демолираа противникот. Тие славеа со огромни 43 поени разлика 149-106 и го израмнија резултатот на 1-1 во победи.

Шај Гилиус-Александер со 34 поени беше најдобриот стрелец кај победникот, додека во Денвер, Расел Вестбрук со 19 поени беше најефикасен. Лоша поентерска вечер имаше Никола Јокиќ кој постигна скромни за него 17 поени.

Следните два дуели овие тимови ќе ги играат во Денвер.