Ливерпул веќе може и да почне да слави шампионската титула во Премиер Лигата по драма триумфот против Вест Хем.

2:1 беше доволен резултат за „црвените” кои до него дојдоа во самата завршница. Предност стекна Ливерпул со голот на Луис Дијас во првото полувреме во 18.минута. Но, Вест Хем во вториот дел играше подобар фудбал. Тоа вроди плод во 86.та минута кога Ендру Робертсон си постигна автогол за 1:1, но Вирџил Ван Дајк како херој им донесе 3 многу важни бода на црвените во 89-тата минута.

Вилверхемптон се покажа како тежок залак за недоволно подготвениот Тотенхем кој оваа сезона постојано се мачи.

Со 4:2 домаќините триумфираа над „петлите” од Лондон. Стрелци на головите за Вулвс беа Аит Нури во 2.та минута, Џед Спенц со автогол во 38.та, Странд Ларсен во 64.та минута и четвртиот гол беше дело на Куња во 86.та минута. Почесните голови за Тотенхем ги постигнаа Тел и Ричарлисон во 59.та и 85.та минута.

Челзи се сопна против Ипсвич со реми од 2:2. Челзи имаше два гола негатива на полувреме кои беа дело на Енцисо во 19.та минута и Џонсон во 31.та минута. Во вториот дел до реми се изборија „сините” со автоголот на Туанзебе во 46.та минута и Џејдон Санчо во 79.та.

Ливерпул е лидер во Премиер Лигата со 76 бода, додека Вест Хем e на 17.то место. Вулвс со 35 бода се на 16-тото, а Спарси со 37 бода место погоре. Челзи со 54 бода е сеуште во игра за Лига на шампиони бидејќи се петти, а Ипсвич се во зоната за испаѓање со 21 бод на 18-то место