Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски го освои 13.место во маратонската трка, на Европско првенство во Брисел, Белгија. 

Ова беше првото Европско првенство на трки на пат. Ивановски маратонската патека ја истрча со време од 2 часа, 14 минути и 2 секунди, и заврши 13-ти во конкуренција на 41 атлетичар.

Покрај Дарио, на ова првенство Македонија ја престартуваше и Адријана Поп Арсова. Таа настапи во трката на 10 километри и го освои 74-тото место од 85 натпреварувачки. Поп Арсова оствари време од 35 минути и 15 секунди.