Првата македонска фудбалска лига попладнево се одиграа сите шест натпревари од 27-мото коло.

По него екипите на Шкендија и Силекс се одлепија од трето рангираниот Работнички кој денеска беше поразен.

Дербито ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ каде трето пласираниот Работнички го пречека актуелниот шампион Струга ТЛ, заврши со победа на гостите од 0-1. Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Нигериецот, Укпа во 54-тата минута.

Лидерот на табелата тетовска Шкендија пред празни трибини ја пречека охридска Воска Спорт. Тетовци славеа убедливо со 4-0 со головите на Адеми (32), Тамба (38) и Ибраими (51) и Лаба (90+3).

Силекс очекувано и убедливо ја совлада Беса со 5-0. Целата работа кратовци ја завршија уште во првиот дел кога постигнаа три. Алик (2) па Додев (32) беа стрелци на првите два гола. Потоа следуваше хет-трик на Ѓепрѓиевски (45+1 од пенал, 55 и 82 минута).

Интересно беше на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ. Таму Вардар се изнамачи да остане не поразен и тоа со гол во судиското дополнение, Кавадаречки Тиквеш во два наврати имаше предност, а Вардарци успеваа да израмнат. Садик и Мишов погодија за Тиквеш, а Закриќ и Сенгор беа стрелци на головите за Вардар.

А, важни три бода за бегство од опасната зона освои и екипата на АК Брера. Струмичани на гостувањето во Битола кај Пелистер славеа победа со 1-2.

Екипата на Гостивар иако имаше негатива во дуелот со Шкупи, сепак на крајот славеше со убедливи 3-1.

Шкендија и Силекс остануваат на првите две позиции со 59 и 55 бодови, а Работнички кој е трет остана на 49 бодови.

ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА