Ново ракометно дерби носи денешниот ден. Во рамките од третото плеј-оф коло на машката Супер лига, шампионот Еурофарм Пелистер го пречекува Алкалоид.

Откако вчера салата „Боро Чурлевски“ ги пречека македонските ракометарки, денеска пак ќе биде исполнета до последното место. Тоа е повеќе од јасно веќе неколку дена имајќи в предвид дека картите за денешното дерби одамна се распродадени.

Актуелниот шампион разигрувањето го полна со две победи (Тиквеш и Охрид), а Алкалоид беше поразен во дербито со Вардар во првото коло.

Во двата овосезонски дуели предноста на домашниот терен со покажа како решавачка. Во Автокоманда, Алкалоид славеше со пет, а во Битола Е.Пелистер со убедливи 13 голови разлика.

Атмосферата е дополнително „подгреана“ со неодамнешните соопштенија, упатени од четири клупа, на адреса на Алкалоид. Ќе биде интересно да се види како Лазаров и неговите избраници, ќе се носат со тоа.

Исходот од овој меч што ќе почне од 18 часот, ќе го чекаат и ракометарите на Вардар. Тие веќе си ја завршија обврската од оваа рунда со победата над Охрид, па вардарци сега со бод повеќе од Пелистер се први. Тимот на Алкалоид заостанува четири бода.

Покрај дуело во Битола, денеска, во истиот термин (18 часот), се игра и натпреварот Тиквеш – Бутел.

Двата натпревари може да ги гледате ВО ЖИВО ОВДЕ.