Дерби дуелот од 29.коло во Бундес лигата меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд донесе интересен фудбал и четири гола.

Мечот одигран на „Алијанц Арената“ во Минхен заврши без победник 2-2, а четирите гола беа постигнати во вториот дел.

Гостите поведоа преки Бејер во 48-та минута.

Следуваа два гола брзи на Баварците, преку Гереиро (65) и Гнабри (69) за водство на Баерн од 2-1.

Не траеше долго радоста на домаќините бидејќи Антон во 71.минута го израмни резултатот.

Баерн сега има 69 бодови, шест повеќе од актуелниот првак Леверкузен кој денеска одигра реми 2-2 со Унион Берлин. Борусија Дортмунд е на осмото место на табелата и тешко ќе обезбеди излез на европската сцена.

Двата тима во вторник и среда ги очекува тешка задача во реванш четвртфиналните дуели од Лигата на шампионите, проти Интер и Барселона.