Големото градско и италијанско дерби во Серија А, меѓу Милан и Интер донесе фантастичен фудбал и големи возбудувања. Популарното „Дерби дела Мадонина“ што се одигра во рамките на 23. коло заврши без победник 1-1.
Милан за малку ќе го победи градскиот ривал по трет пат сезонава. Водеа миланезите од 45-тата минута со голот на Рајндерс.
Во вториот дел, Интер почна да притиска создаде немколку големи шанси, а среќата беше голем сојузник на Милан.
Кога сите очекуваа дека црвено-црните ќе слават победа, во третата минута од судиското дополнение Де Вриј погоди за 1:1.
Бранителот на титулата Интер останува втор на табелата со 51 бод, а Наполи вечерва може да ја зголеми предноста доколку слави на гости кај Рома.
Милан е на 8.место со 35 бодови, а заостанува пет зад четвртопласираниот Јувентус, екипите кои се борат за позиции за Лигата на шампионите.