Репрезентацијата на Данска повторно, четврти пат во низа е Светски ракометен шампион.

Данците во финалето на Мундијалот, пред својата публика во Осло, ја победија Хрватска со 32-26.

Голема и жестока битка се водеше во текот на целиот натпревар во кој постојано го контролираа резултатот. Водеа Данците во текот на целото прво полувреме кое го завршија со најголеми +4 (16-12). Во вториот дел Хрватите се обидуваа да го надополнат заостанувањето, а Данците пак полека ја зголемуваа предноста. На крајот, Данска заслужено славеше со шест гола разлика.

За данскиот ракомет ова е вкупно осми медал на Мундијалите, а четврти пат се шампиони. Со тоа Данците се израмнија со Шведска и Романија со по четири најсјајни одличја. Лидери и натаму на вечната листа се Французите со шест злата.

Тие пак на овој шампионат мораа да се задоволат со бронзата. Во дуелот за третото место по голема борба Франција ја совлада Португалија со 35-34.

И на овој Мундијал настапи репрезентацијата на Македонија, која на крајот заврши како 15-то рангирана.