Машката македонска кошаркарска репрезентација денеска ќе го игра третиот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2025-та.
Во рамките од 3.коло на „Х“ групата Македонија ја пречекува Литванија.
Двете селекции имаат по еден пораз (од Естонија), па затоа и за двете императив е победа на денешниот натпревар. Литванците, без разлика на составот, ја имаат фаворитската улога. Ова пред се поради отсуството на ударното трио во црвено-жолтиот табор.
Селекторот Јончевски на овој дуел ќе мора во целост да се потпре на „домашните“ сили пред се ветераните. Димитријевиќ, Хап, Шорц, Јакимовски ги нема, но оние што се во тимот ќе мора да дадат и повеќе од својот максимум.
Дуелот Македонија – Литванија што ќе се игра во СЦ „Кале“ ќе почне од 18 часот. Во истиот термин ќе игра и вториот натпревар од нашата група меѓу Полска и Естонија.
Селекцијата на Естонија е лидер на табелата со максимални 4 бодови, еден повеќе од Македонија и Литванија, а Полска е последна без бодови. За Полјаците овие натпревари немаат никакво резултатско значење бидејќи тие се ко-домаќини на Евробаскетот следната година.