Кристијан Николов на најдобар можен начин потврди дека местото му е во репрезентацијата. Тој беше првата плејмејкерска опција на дуелот со Литванија кој македонските кошаркари сепак го загубија.
Николов беше прв стрелец со 18 поени на кои додаде 6 асистенции и 2 скока. Сепак тоа не беше доволно да се избегне поразот од подобрата Литванија.
„Тие од почеток поставија некоја агресивна игра од самиот старт, судиите им го дозволија тоа. Се играше со многу контакт.
Задоволен сум што покажавме карактер, се надевав на победа, сите дадоа се од себе. Покажавме карактер, но тоа е “,изјави Николов по натпреварот.
Ќе биде ли повторно Николов прв плејмејкер на дуелот во Клаипеда останува да се види. Имено беше најавено дека Ненад Димитријевиќ ќе се стави на располагање на репрезентацијата за дуелот во недела.