По ден одмор, денеска продолжуваат натпреварите во „Б“ дивизијата на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Скопје.
По трите победи, македонската јуниорска репрезентација е на првото место во Ц групата во пресрет на третото коло.
Во оваа група веќе се одиграа два натпревари. Чешка ја победи БиХ, а Ирска ни заврши работа со победата над Украина.
Така со победа над аутсајдерот Кипар денеска, македонските млади кошаркари ќе гои потврдат првото место во групата, а со тоа и пласманот во четвртфиналето.
Попладневниот натпревар меѓу Македонија – Кипар што ќе се игра во СЦ „Кале“ ќе почне во 18.30 часот, а ќе можете да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.