Македонската младинска репрезентација ќе оди по потешкиот пат за опстанок во „А“ дивизијата на ЕП за кошаркари до 20 години.
Со шесте убедливи порази во исто толку одиграни натпревари, нашите кошаркарски „недежи“ сега ќе разигруваат за пласман од 13-16 место.
А, следните два се со префиксот „да се биде или не“. Имено за да ја остварат целта и да изборат опстанок во „А“ дивизијата, македонските младинци ќе мора да победат на двата натпревари.
Следен ривал на Македонија е селекцијата на Исланд во дуелот закажан денеска од 13 часот.
Само победникот од тој натпревар ќе има уште една шанса да избори опстанок и тоа в недела во дуелот со победникот од натпреварот Турција – Црна Гора.
Поразените ќе играат да го избегнат последното место на ова првенство, но догодина ќе настапуваат во второлигашката „Б“ дивизија.
Натпреварот може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.