Машката младинска репрезентација на Македонија вечерва ќе го игра вториот натпревар на Евробаскетот. Во рамките од 2.коло на А групата на првенството за кошаркари до 20 години, Македонија ќе игра против Турција.

За нашите „надежи“ тоа е можност да го поправат впечатокот од вчерашниот меч со Шпанија од која загубија со 55 поени разлика.

Да, Шпанците беа апсолутни фаворити на овој дуел, но главната забелешка секако е неангажираноста на македонските младинци во одбраната. Како резултат на таквата индолентна игра и ангажираност во одбраната беа безмалку стоте примени поени (93).

Не е срамота да се загуби од реално подобар противник, но срамота е да не се „гине“ за националниот дрес на Македонија. Е ова вечерва ќе мора да го направат црвено-жолтите доколку сакаат да се надеваат на победа.

Инаку и Турците вчера беа поразени од Белгија (62-64), па „рехабилитација“ ќе бараат во дуелот со Македонија.

Натпреварот ќе почне во 20.30 часот, а ќе може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.