Машката младинската репрезентација на Македонија денеска го започнува настапот на Европското првенство за кошаркари до 20 години. Македонија е дел 16-те од најдобрите европски селекции на шампионатот што се одржува во полскиот град Гдиња.
Генерацијата 2004-та и помлади ќе имаат тешка задача и цел да обезбедат опстанок и континуитет на настапи во елитната „А“ дивизија.
Црвено-жолтите во групната фаза редоследно ќе играат против врсниците од Шпанија, Турција и Белгија, а потоа ќе следуваат натпреварите во разигрувањето за пласман. Сите 16 репрезентации ќе продолжат во елиминациската фаза. Во неа црвено-жолтите ќе вкрстат со една од селекциите од Д групата (Црна Гора, Литванија, Исланд, Словенија).
Токму четвртиот натпревар, оној од 1/16-финалето е и најважниот, бидејќи евентуална победа ќе гарантира опстанок во „А“ дивизијата. Во спротивни ќе треба да се оди по потешкиот пат, за да се избегнат трите последни позиции. Тие пак водат ранг подолу „Б“ дивизија, освен ако меѓу нив не е и Грција која ќе биде домаќин на идното првенство. Во тој случај само две селекции ќе се преселат во второлигашката конкуренција.
Патот за избраниците на селекторот Боро Симковски ќе биде тежок, а ќе почне вечерва со натпреварот против фаворитот Шпанија.
Натпреварот Македонија – Шпанија ќе се игра во терминот од 20.30 часот а може да го ГЛЕДАТЕ ВО ЖИВО ОВДЕ.