Македонија не успеа да „извлече“ позитивен резултат на гостувањето во Чешка. Поразот од 1:2 секако е болен, иако се работи за контролен, пријателски натпревар.

Чесите во поголемиот дел од натпреварот беа подобар противник, но и Македонија имаше свои добри моменти.

Тихомир Костадинов е самокритичен. Веднаш по натпреварот тој истакна дека првенствено, играчите ќе мора да ја зголемат својата самодоверба. Само така Македонија ќе може да се надева на позитивни резултати во дуели со подобро рангирани селекции, смета Костадинов.

Неговата изјава по мечот сведува во продолжение.