Репрезентацијата на Полска ја победи Турција со 2-1 во последната своја контрола пред стартот на Европското првенство.

Сепак, триумфот на Полјаците остана во сенка, бидејќи нивниот најдобар стрелец Роберт Левандовски се повреди.

Фудбалерот на Барселона во 30.минута му сигнализираше на стручниот штаб дека не може да продолжи, по што беше повлечен од игра.

За да биде уште полошо, за Полска и Камил Свидерски се здоби со повреда и тоа при прославувањето на првиот гол на натпреварот.

Пред неколку дена поради повреда Аркадиуш Милик отпадна од списокот на играчи за ЕП, па сега главоболката на селекторот Михал Пробјеш е уште поголема.

Во текот на ноќта и утре следуваат дополнителни прегледи и проценки, дали Левандовски ќе може да му се стави на располагање на Пробјеш. Првиот меч Полска на ЕУРО ќе го игра на 16 јуни против Холандија. А, селекцијата на Холандија вечерва го „демолира“ Исланд со убедливи 4-0.