Неочекувано, со голема тага и болка, спортската јавност, ја прима денешната тажна вест. На 53-годишна возраст починал Марјан Михајловски информираа од КК МЗТ Скопје Аеродром.

Тој беше препознатлив лик на сите натпревари на аеродромци и еден од основоположниците на навивачката група „Фемили Аеродром“. Михајловски години наназад беше и вработен во клубот.

Уште од времето на поранешната држава е меѓу авангардата што прва ги поставува темелите на навивачкото движење во Македонија и пред се во Аеродром, каде што од прв до последен момент ѝ останува верен на својата најголема љубов.

Покрај него израснаа многу генерации навивачи на МЗТ Скопје, а во тие кругови до крајот на животот остана можеби и најголема легенда.


Последниве десетина години беше директно инволвиран во работата на клубот, придонесувајќи на свој уникатен начин за освојување на голем број титули и трофеи во Купот на Македонија.

Почивај во мир, наш Мац!