Реванш натпреварот меѓу Македонија и Фарските Острви секако е најважниот за македонската ракометна јавност деновиве. Но, тој дуел на програмата е во недела, а денеска важен натпревар ќе се игра во Првата машка лига.

Имено Велешани денеска се насочени кон настапот на екипата на Бисинов Фруит Ленд.

Екипата која покажа најмногу во оваа конкуренција сезонава е на мал чекор до пласман во Суперлигашкото друштво. Тимот на Бисинов Фруит Ленд е убедливо прв во плејоф конкуренцијата во Првата лига со максимален ефект. Тоа на велешани им носи можност на четири кола до крајот да го потврдат својот статус на иден Суперлигаш.

Тие имаат 10 бодови повеќе од второ рангираниот Радовиш, па доколку денеска победат, ќе може да слават пласман во елитната конкуренција.

Противник на Бисинов Фруит Ленд денеска е екипата на Драчево во натпреварот што ќе се игра од 19.30 часот во салата „Гимиџии“ во Велес.