Двете дами кои ја претставуваат Македонија, во светските квалификации во борење, во Истанбул, останаа без настап на ОИ во Париз 2024.

Вероника Рјабоволова која настапи во категоријата до 53 кг. забеќела победа и пораз. Во првото клавлификациско коло Вероника ја совлада Италијанката, Фабијана Ринела со 5-0. Сепак во втората рунда макеоднската репрезентативка бепше ибедливо поразена (0-10) од Кубанката, Лора Херин Авила.

Својот настап во првата рунда во категоријата до 57 кг. го заврши и Марија Цветанова. Таа убедливо со 0-10 беше поразена од Евелина Хултен од Шведска.

За викендов, закажани се борбите во машка конкуренција, во која Македонија ќе има петмина свои борачи.

57 кг Владимир Егоров – Педро Хесус Мехијас Родригез, Венецуела (1/16.финале)
65 кг Бесир Алили – Ахмед Думан, Турзија (1/32)
74 кг Расул Шапиев – Луис, Канада / Цуркан, Украина (1/16)
86 кг Ахмат Могамедов – Магомед Шарипов, Бахреин (1/16)
97 кг Магомедгаџи Нуров – Дипак Дипак, Индија (1/16)