Грчкиот Олимпијакос и италијанската Фиорентина ќе се борат за трофејот го годинашното издание на Конференциската лига.

Ова откако вечерва фудбалерите на Олимпијакос по втор пат ја победија Астон Вила 2-0 откако првиот меч во Англија го добија со 4-2.

Мотивираните црвено-бели од Пиреа одлично го започнаа натпреварот. Мароканецот, Ајуб Ел Кааби кој на првиот дуел постигна три, вечерва реализира два гола. Првиот уште во 10-тата, а вториот во 72-та минута за конечни 2-0.

Олимпијакос ќе ја има предноста во финалниот натпревар со Фиорентина. Имено тој ќе се се игра на стадионот на АЕК во Атина, а е закажан за 29 мај.