Екипите на Аталанта и Баер Леверкузен се пласираа во финалето на Лига Европа. Баер Леверкузен ја продолжија својата серија без пораз и со 2:2 (вкупни 4:2) одиграа против Рома, додека Аталанта со триумф од 3:0 (вкупни 4:1) го надиграа Марсеј.

Екипата на Баер Леверкузен остана непоразена и на овој натпревар. Иако Рома имаа водство од 2:0, германскиот шампион се разбуди и до крајот успеа да одиграат 2:2. Резултатот го отвори Паредес преку пенал во 43.та минута, а повторно преку нов пенал Паредес зголеми на 2:0 во 66.та минута. Баер стапи на сцена и најпрво со автоголот на Манчин во 82.та минута го врати резултатот на 2:1, а во 97.та минута Јосип Станишиќ ги постави конечните 2:2.

Аталанта одиграа рутински против Олимпик Марсеј и со триумф од 3:0 се пласираа во финалето на Лига Европа. Италијанците доминираа цел натпревар и заслужено заверија финале. Стрелци на головите беа Лукман во 30.та минута, и Ругери во 52.та минута, а конечните 3:0 ги постави Ел Билал Туре во 95.та минута.

Финалето ќе се одигра во Даблин на „Авива“ стадионот на 22 мај помеѓу Аталанта и Баер Леверкузен.